Карачиќ: Не очекува тежок натпревар против Чеховски Медведи

На ден пред првиот натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен во новиот дом “Јане Сандански” централниот бек на РК Вардар – Игор Карачиќ за 24 ракомет ги сподели своите очекувања од престојниот натпревар со Чеховски Медведи.

Една работа е сигурна, не очекува тежок натпревар затоа што во сабота го играме првиот натпревар во новата сала “Jане Сандански” и сите работи треба да бидат на место. Мораме да ги исполниме очекувањата на навивачите, може да се случи да одиграме феноменално, но исто така нашата игра годинава се карактеризира со осцилации.

Секако дека ќе биде тежок натпревар бидејќи станува збор за Лигата на шампионите каде што нема лесни противници и ќе биде потребна добра анализа на противникот. Одлично ни дојде победата против Загреб во регионалната лига и добро влијае на нашата атмосфера па затоа сум во големо исчекување на натпреварот во сабота.

10716068_10203756343622278_1865024827_n