Карачиќ: Не знам што се случи, по онаа игра против Киелце како да се испразнивме

Прв пораз на домашен терен за Вардар во оваа СЕХА сезона, одличната претстава против Киелце го зема својот данок, а за причините и конечниот исход говореа Гонзелес, Бебешко, Карачиќ и Манојловиќ.

SEHA(15-16)-Vardar-Brest-8432Раул Гонзалес, тренер на екипата на РК Вардар:
Одигравме тежок меч, но не одигравме добро. Имавме проблеми на пикерската позиција, и потешкотии на останатите позиции затоа на крај на првото полувреме имавме негатива од четири разлика, морам да ги разберам моите ракометари тоа се истите играчи кои играа против Киелце, но чуствувавме притисок и тоа е резултатот.
SEHA(15-16)-Vardar-Brest-8440Игор Карачиќ, ракометар на РК Вардар:
Тие имаа долг и тежок пат и повредени ракометари затоа и им честитам на победата. Не знам што се случи, по онаа игра против Киелце како да се испразнивме, загубивме иако ова истотака беше важен меч за нас во регионалната лига, нивниот голманот одбрани голем број зицери, ние одигравме лошо и на крајот загубивме.
SEHA(15-16)-Vardar-Brest-8422Сергеј Бебешко, тренер на РК Мешков Брест:
За двете екипи беше тешко да го променат ритамот и да играат СЕХА лига, имаме многу повредени ракометари, можеби не беше убав ракомет, но двете екипи играа повеќе тактички. Прво полувреме одигравме подобро, а во второто се ослонивме на нашиот голман, Вардар во вториот дел играше висока одбрана која ни задаваше големи проблеми, моежби реми ќе беше најреален резултат, но им честитам на моите играчи за карактерот кој го покажаа во финишот на натпреварот.

SEHA(15-16)-Vardar-Brest-8419Никола Манојловиќ, ракометар на РК Мешков Брест:
Се заблагодарувам на Вардар за фер и коректна игра, отворивме добро имавме контри кои лесно ги реализиравме, до крај ја одржувавме предноста, можеби ќе беше праведно натпреварот да заврши нерешено, епак на крај победивме.