Карачиќ: Не знам зошто, поради што, не знам во што е проблемот..(ФОТО)

По вчерашниот пораз од Веспрем во СЦ”Јане Сандански”, сигурно најтешко им беше на ракометарите на Вардар.Најдобриот стрелец во вардаровиот состав, Игор Карачиќ се огласи на социјалните мрежи не криејки го разочарувањето по првата четвртфинална битка, но не пропушти да искаже благодарност до сите навивачи и своите соиграчи.
“Не знам зошто, поради што, не знам во што е проблемот… Знам само едно.. Горд сум на овие луѓе, навивачите и моите соиграчи”.

По оваа објава стигнаа голем број коментари преку кои вардаровите симпатизери им ја даваат нопходната поддршка на Карачиќ и неговите соиграчи во пресрет на реваншот натпреварот кој на 30.04.2016 ќе се одигра во Веспрем.

“Вардар се сака со цело срце и во победа и во пораз..НАПРЕД ВАРДАР”, “Одиграјте јако во реваншот”, ” Јас знам зошто: Затоа што си човек и прав вардарец! Игор Мајсторе!” се само дел од коментарите кои несомнено одново ќе ги наполнат батериите и ќе ја вратат мотивираноста кај Карачиќ и другарите во Веспрем да го одиграат најдобриот натпревар оваа година, па зошто и да не се пласираат на Фајнл-фор турнирот во Келн.

k