Карачиќ: Навивав за Македонија!

Следниот противник на Хрватска ќе биде  репрезентацијата на Македонија, двете репрезентации добро се познаваат, а еден од најдобрите играчи на Хрватска, Игор Карачиќ веќе неколку сезони настапува во Вардар. За тоа како го одиграа првиот дел европското првенство, Карачиќ истакна:

Едноставно сигурно дека ни беше сè ново, тоа беше прашање на металниот склоп, имавме проблем во главите, а не играчки проблем, застанавме пред ѕид или одиме во Краков или заминуваме дома. Во последниот натпревар сè испадна добро, одигравме одличен натпревар, перфектна 5-1 одбрана на која тренерот инсистира и која ја бара од нас. Така што сè се поклопи знаевме што да правиме и на крај дојдовме тука во Краков и со нетрпение го очекуваме следниот натпревар.

Следниот противник е репрезентацијата на Македонија, а за тоа како Карачиќ ја гледа играта на Македонија тој вели:

На ова првенство видов дека се тим, не е само еден играч. Драго ми е што Стоилов се опорави, што мојот поранешен колега Прибак игра на натрпеварите, што Манасков истотака игра… Сите играат одлично, малку им недостасуваше да пренесат бодови во овој круг, баш ми жал, навивав за Македонија, но во последите минути ги испуштаа победите. Не им преостанува ништо освен да играат опуштено и да се борат за својата држава, знам колкав е фанатизмот во Македонија така што ќе ми биде драго да играм против нив.

Добро ја познавате Македонија, веќе долго време сте во Вардар…

Ме познаваат и они мене, ќе биде убаво да играме утре против моите Македонци, едвај го чекам тој дуел, кој биде подобар ќе пружи рака. 

На ист ден точно пред една година го одигравте натпреварот против Македонија во Катар. Дали ќе може да се спореди оваа репрезентација на Хрватска со таа тогаш?

Хрватска тогаш играше под други прилики, ова е нова Хрватска, подмладена Хрватска, која е желна за резултат, сега се други луѓе во организација, знаеме што треба да правиме и знам дека ќе имаме коректна борба.