Карачиќ за 24 Ракомет ТВ: Веќе ја замислувам сликата како го кревам пехарот в недела (ВИДЕО)

Игор Карачиќ на завршниот турнир во Келн ги игра последните два натпревари за Вардар, а од следната сезона го напушта клубот и се сели во Келце. Во пресрет на полуфиналето со Барселона можеше да се забележи насмевка кај него со што само се потврдува дека вардарци се максимално опуштени и без притисок пред најважните дуели во сезоанта.

По потврдата од капитенот Стоилов дека Карачиќ ќе биде тој што ќе го крене пехарот в недела ако стигнат до титулата и Игор имаше свој коментар.

„Би било убаво ерата во Вардар да ја завршам со еден трофеј како што е овој од Лигата на шампионите. Ќе дадеме сè од себе да стигнеме до пехарот. Да бидам искрен веќе можам да си ја замислам сликата како го кревам трофејот в недела“, изјави Карачиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја видите во видеото во продолжение.