Карачиќ заминува од Вардар

Креаторот на играта во редовите на македонскиот шампион, ќе ја промени клупската средина. Игор Карачиќ од наредната сезона ќе настапува за унгарскиот првак Веспрем. Деталите се договорени уште пред три месеци, но се чека официјалниот крај на сезоната за потврда на трансферот.

Со пристигнувањето на Жоан Канелас во Скопје беше повеќе од јасно дека играта на Карачиќ ќе падне во втор план. Хрватскиот репрезентативец добил понуда од силниот состав на Веспрем, а двете страни бргу ги приближиле своите ставови. Игор Карачиќ има активен договор со „црвено-црните“ што значи дека управата на македонскиот шампион може да добие соодветно обештетување или друг вид договор за соработка со унгарскиот првак.

Во Веспрем на централната бековска позиција оваа сезона настапуваа шпанскиот интернационалец Чема Родригез, Мате Лекаи и еден до најдобрите ракометари на планетата Арон Палмарсон. Единствено Мате Лекаи сигурно ја напушта екипата, додека се уште виси договорот на Арон Палмарсон со унгарскиот гигант за кој Кил е подготвен да плати цело богатство.