Карачиќ: Едноставно одигравме фантастичен меч!

По спектакуларниот настап против домаќинот Полска, пред хрватските херои претстои потешка задача, да ја повторат играта и во полуфиналето. Репрезентативците се согласни во едно, дека Хрватска им покажа на песимистите дека може да игра на врвно ниво.

Централниот бек на хрватската репрезентација, Игор Карачиќ не го криеше своето задоволство од натпреварот и за 24Ракомет истакна:

Сигурно дека пред натпреварот сите очекувавме Норвешка да ја победи Франција, за среќа се тоа си дојде на своето место. Имавме четири дена одмор, добро ги анализиравме и се подготвивме, едноставно одигравме фантастичен меч, Полјаците беа под огромен притисок, но ни во сон неможев да замислам да одиграме вака. Едноставно одигравме за сите оние кои не ни веруваа, кои не изфрлија по поразот од Франција, само сакам да им порачам „Верувајте ни имаме одличен тим“ како поминува времето ќе бидеме се подобри.

Дали може да се повтори уште еден ваков натпревар?

Зошто да не може, ние сега земаме залет, одиме напред и го чекаме следниот противник во полуфинале. Ова за оваа екипа веќе е голем успех, ние се уште се градиме вистинските подвизи се пред нас.