Караиванов го реши Вардар Неготино

Екипата на Младост 09 забележа нова победа во плеј-офот во Првата лига совладувајќи го Вардар Неготино со 26:24. Трета победа за тимот од Богданци кој сега се изедначи со лидерите, но има и натпревар повеќе.

На почетокот публиката гледаше цврста игра со мала иницијатива на домашните ракометари. Младост поведе со 3:1, а потоа предноста се зголеми 5:2. Неготинци видно мотивирани го вратија ударот, па натпреварот влезе во серија гол за гол. На полувреме беше 11:11.

Во вториот дел, одново домаќините си обезбедија предност, но никако не успеваа да направат поголема резултатска позититива бидејќи Вардар Неготино играше цврсто. Сепак на крајот попуштија гостите, Младост тоа го искористи и стигна до 25:21, но Вардар успеа да го ублажи поразот.

Ова беа големи три бода за тимот предводен од Митко Шутаров, по минатиот пораз од Металург 2. Мите Караиванов го понесе Младост и стрелаше девет пати. На другата страна Ѓорѓе Ташев и Димитар Коцев погодија по шест пати.