Карабатиќ: Чест е клубови како Барселона и ПСЖ да се борат за мене! (ВИДЕО)

Најдобриот ракометар на денешницата, Никола Карабатиќ во екслузивно интервју за босанската БиХ ТВ1 кое ќе се емитува на на 8.април, искрено одговара на незгодните прашања на колешката Санела Прашовиќ Гаџо.

ЧЕСТ Е КЛУБОВИ КАКО БАРСЕЛОНА И ПСЖ ДА СЕ БОРАТ ЗА ВАС

Чест ми е што два големи клуба како Барселона и ПСЖ се борат за моите услуги, Париз е голем проект кој сака да направи најдобра екипа на светот, а до сега најдобрите се можеби тука (РК.Барселона). Јас сум сепак Французин, и секако дека таков проект во Париз е интересен за француски ракометар.

Во однос на обвинувањата за наводни наместени натпревари на кои се обложувал, Карабатиќ вели:

Мораме да докажеме дека тој натпреавр не беше наместен. Јас и мојот брат воопшто и не настапивме на тој натпревар исто како и Самуел Онрубиа. Обвинението беше дека тие играчи кои не настапија, се кладеле на натпреварот. Јас не се кладев, но бидејќи сум дел од таа екипа бев замешан во играта.

Целосното интервју со Никола Карабатиќ ќе се емитува на 8.април на БиХ ТВ1.