Карабатиќ откри кога ќе ја заврши репрезентативната кариера

Долгогодишниот лидер на француската репрезентација, Никола Карабатиќ, кој освои се што може да се освои во ракометот, најави кога планира да ја заврши богатата репрезентативна кариера во дресот на „експертите“.

„Би сакал репрезентативната кариера да ја завршам на ОИ во Токио, а зошто да не со медал. Мојата приказна со Франција сакам да има убав крај. Секогаш го давав максимумот за мојата селекција, но во 2020 ќе имам 36 години. Време е да мислам на моето здравје, и се разбира да им отстапам место на помладите да почувствуваат што значи да се бранат боите за Франција“, рече Карабатиќ. 

Ракометарот на ПСЖ со Франција освои четири титули светски првак, три пати беше европски шампион, а има и две олимписки злата.