Капитенот оптимист пред дуелот со Киелце: Можеме да успееме ако го дадеме нашиот максимум

Пред заминувањето на РК Вардар во Полска, капитенот Филип Лазаров за 24ракомет изјави дека неговата екипа може да дојде до успех доколку изигра во висок ритам во текот на целиот натпревар.

“Одиме во Киелце за да дадеме максимум и мислам дека сеуште не се изгубени шансите ако одиграме перфектен натпревар. Видовме во Скопје кои ни се грешките и сметам дека последните 15 минути не ги изигравме како што треба и сите знаеме како заврши натпреварот за нас.

Ако успееме таму да изиграме 60 минути квалитетно и го дадеме нашиот максимум можеме да направиме успех. Ќе се потрудиме публиката на гостински терен да не ни преставува проблем. Нашите навивачи ќе ни дадат уште повеќе енергија и се надевам дека тоа ќе го искористиме.”