Канељас: Можеме да го изненадиме Вардар, но ни треба 60 минути врева како во Скопје

Еден од ракометарите на Пик Сегед, кој има настапувано во Вардар, Жоан Канељас и понатаму е оптимист дека тој и неговите колеги ќе знаат како да стигнат до позитивен резултат во двомечот со „црвено-црните“, но свесен е дека ќе биде навистина тешко на теренот бидејќи предноста е голема.

Тој бара поддршка од трибините во текот на целиот меч за да може да се обезбеди позитивен резултат и да може да се дојде до голем пресврт,  воедно смета дека тоа треба да биде перфектен ден за него и неговите колеги доколку сакаат севкупен триумф.

„Се разбира дека можеме да го изненадиме Вардар пред наша публика. Сепак, за да го оствариме тоа ќе ни биде потребна нашата најдобра партија сезонава. Мораме да одиграме максимално од прва до последна минута и да имаме голема поддршка од првата до последната минута како што имаше Вардар во Скопје. Мора да се прави време во текот на сите 60 минути, да се дава поддршка на секој наш потег. Меѓутоа ако сакаме добар резултат мораме да најдеме противигра и за Даини Кристопанс. Тоа е играч кој има 215 сантиметри и 135 килограми, но во исто време располага и со брзина. Затоа мораме да бидеме внимателни и навреме да излагаме и да го запираме. Не очекува тешка задача и голема работа, но сигурен сум дека ќе успееме да го неутрализираме“, вели ракометарот кој во минатите две сезони го носеше дресот на Вардар, Жоан Канељас.

Средбата се игра в недела од 19 часот, а Вардар го почнува овој меч со голема предност од осум гола и резултат од 31:23.