Канељас им донесе победа на Шпанците

Во првиот дуел на програмата во Духаил арената, Шпанија ја победи репрезентацијата на Бразил со 29-27.
Шпанија ја покажа надмоќноста над Бразил на самиот старт и во 14та минута имаше предност од 6 голови. Актуелниот светски шампион без нивната препознатлива игра успеа на крајот да ги задржи бодовите и првото место. До крајот на првиот дел Бразил успеа да намали од големата негатива и по првите 30 минути стигна до еден гол негатива за 14-15.
Но Бразилците не застанаа и не се предадоа, во 35-та минута го израмнија резултатот на 18-18 и ја изненадија нерасположената „црвена фурија“.
Силва го донесе првото водство за Бразил минута подоцна за 19-18. Играта гол за гол продолжи до 45-та минута кога Шпанија ја започна серијата од 3-0 која го пресуди победникот на овој натпревар. Бразил се обидуваше да го намали водството на шпанските репрезентативци од 2 разлика, но до истекот на 60-те минути не успеа, на крај конечнен резултат, 29-27.
За Шпанија, Канелјас постигна 9 погодоци, а Ривера 7. Додека кај Бразил Толедо и Рибеиро погодија 5 пати.