Канелјас и Циндриќ во најдобрата седморка на коло во ЛШ (ВИДЕО)

Во Франкфурт падна германскиот шампион. Вардар со сигурна игра успеаа да ги земат двата бода од гостувањето во Германија кај Рајн Некар Ловен, а најзаслужни за победата беа Канелјас, Циндриќ и Штербик. Токму бековската линија Жоан Канелјас (лев бек)-Лука Цидриќ (централен бек) обезбеди место во најдобрата седморка за ова коло. Покрај вардаровиот двоец место меѓу најдобрите имаше за голманот на Барселона Перез де Варгас, францускиот пикер од Монпелје Лудовиг Фабрегас, искусното шпанско крило од Ла Риоха Алберто Рокас (десно крило), десниот бек на Бешикташ Рамазан Доне, и човекот кој му ја донесе победата на ПСЖ во Веспрем, Уве Генсхајмер (лево крило).