Канаје: Одлучи искуството на Вардар

По натпреварот со Вардар и поразот во првото коло на домашен терен, тренерот на Монпелје, Патрис Канаје го коментираше натпреварот и ги истакна причините за поразот на неговата екипа.

„Одигравме многу добар натпревар. Бевме многу ефикасни, ако ја погледнеме статистиката полоши сме само во изгубени топки. Имавме пет повеќе грешки од противникот. Имавме добар процент на реазлизација на ударите освен во завршните минути. Честитки за Вардар на победата. Честитки за мојот тим за борбата што ја покажаа со Вардар. Дулот беше многу израмнет, а го одлучија детали во завршницата. Во клучните моменти Вардар покажа дека е многу искусна екипа со искусни играчи кои ја направија разликата и ја донесоа победата“ рече Канаје.

И оваа сезона Вардар ја започна со победан на гостувањето кај Монпелје, а веќе наредниот викенд е првиот натпревар на домашен терен против Порто на кој се очекува нова победа на европскиот шампион.