Каменица: Требаше да изненадиме кога Вардар не беше наштиман, а одигравме катастрофално

Македонскиот шампион одигра уште еден рутински натпревар во СЕХА лигата. Во период кога во регионалното натпреварување единствен посериозен конкурент за првото место е составот на Мешков од Брест, Вардар на домашен терен го совлада ППД Загреб со 30-23. По натпреварот тренерот на „плинарите“ Касим Каменица, потенцираше дека неговите ракометари го одиграле најслабото полувреме од почеток на сезоната, главна причина за високиот пораз од актуелниот европски првак.

Касим Каменица, тренер РК Загреб:

Нашиот натпревар во Лигата на шампионите го одигравме во четврток, а Вардар нивниот меч го одигра во сабота, тука ја гледав нашата шанса да влеземе посвежи на овој дуел и да се обидеме да бидеме позитивни од самиот почеток. На тоа ја темелев нашата тактика, да го искорстиме воведниот период кога Вардар не е наштиман и да ја направиме нашата разлика, но тоа не се случи. Изгубивме со седум разлика во нашето најслабо полувреме оваа сезона. Во вториот дел пруживме подобра партија, но беше доцна да се вратиме во игра против ваков противник. Им честитам на Вардар за заслужената победа.

Во следната СЕХА рунда Вардар му гостува на Целје во дерби дуелот од седмото коло, а натпреварот кој може само да ја потврди доминацијата на „црвено-црните“ во регионот е закажан за 17:45 минути.