Каменица: Задоволен сум од победата, но не и од изданието на мојот тим

Битолското дерби го доби „постариот брат“ Пелистер. Еурофарм се покажа како добар опонент и битолската публика имаше можност да проследи интересен меч. Двајцата тренери не беа задоволни од изданијата на двата тима, но беа задоволни што битолската публика се појави во голем број.

„Eкипа што промашува толку зицери, седмерци не може да го добие ни најслабиот противник. Тотално потфрливме на средната, на бековските позиции, мислам пред нас не очекува голема работа и во следниот период тоа ќе го правиме. Да бидеме реални ние сме нов клуб и сето ова е ново за нас, можам да кажам дека екипата од натпревар во натпревар ќе се крева и мислам дека во следниот период ќе бидеме подобри, треба да учиме од грешките исто така притисокот беше еден од факторите бидејќи знаеме дека битолската публика е нивни осми играч, можеби беше хендикеп што не се одлепивме на три разлика, но тоа беше фер и коректен натпревар и така треба да продолжи и во наредниот период.“  – изјави Иван Марковски.

Каменица не беше задоволен од изданието на победничкиот тим, но беше задоволен од победата.

„Јас не би додал ништо, тренерот на противничка екипа Иван Марковски кажа се. Сакам да изјавам дека сум воодушевен од публиката која дојде на дерби наптреварот, среќен сум што немаше никакви инциденти ни на трибини ни на терен. На теренот се водеше една битка, и тотално се согласувам дека и двете екипи потфрлија, не сум задоволен од нашата претстава денес, пред нас е светла иднина и сакам публиката да се задржи во оваа ниво и да не прати и во наредниот период. Колективот го доби мечот, некои ситници беа на наша страна, во право време го израмнивме резултатот, победивме и тоа го одлучи крајниот скор, и како што кажа колегата Марковски заслужено победивме.“ – изјави Касим Каменица, тренерот на Пелистер.