Калараш за 24Ракомет ТВ: Не ги коментирам шпекулациите за моето заминување од Вардар (ВИДЕО)

Вардар можеби полесно од очекувањата го елиминираше хрватскиот првак Загреб во осминафиналето од Лигата на шампионите и славеше две победи.

Одличен во одбраната на овие два натпревари беше рускиот репрезентативец Глеб Калараш, кој имаше свои моменти и во нападот.

Калараш вели дека шпекулациите за неготово заминување се неосновани, иако неговиот договор завршува на крајот на сезоната.

„Тоа се само шпекулации и немам што повеќе да додадам на таа тема“, вели Русинот за 24Ракомет.

Целосната изјава погледнете ја во продолжение…