Калараш е важен играч за Вардар, „црвено-црните“ ќе играат со четири пивоти во новата сезона

Одбраната на Вардар ќе биде истата и во новата сезона откако Калараш се врати во екипата, па сега останува само Писонеро да го вклопи во тимот и во она што тој го планира да го работи и да го игра.

Со Калараш Вардар сега ќе има четири пивоти. Тука се и Стоилов, Горпишин и Пелко, а тренерот Писонеро вели дека сите му се потребни.

„Калараш е многу важен играч за нас бидејќи можеме да ја играме истата одбрана како лани. Сезоната е многу долга. Имаме четворица пивоти, но Стоилов уште не е во тимот. Не знаеме колку време ќе биде потребно за тојда се најде одново на тререн дали уште месец или два и затоа секој играч е многу важен. Тој се врати, а иако не беше на подготовките сигурно брзо ќе се вклопи во тимот бидејќи добро ги познава колегите и работата во клубот“, коментираше Писонеро.