“Како је добро видети те опет” (ФОТО)

Дел од легендарната генерација на поранешниот европски шампион Кометал Ѓорче Петров повторно е заедно. По прославата на 15 години од освојувањето на титулата, повторно во Македонија допатува некогаш едно од најдобрите светски леви крила, Лариса Кисељова.

Русинката, која има и македонски пасош, ја искористи приликата да се види се некогашни соиграчи – Индира Кастратовиќ, Анжела Платон, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир и Елена Златановска.

“Како је добро видети те опет”…се пееше некогаш во СРЦ “Кале” на натпреварите на Кометал Ѓорче Петров, а сигурно денеска си ја потпевнуваат некогашните миленички на македонската публика…