Како Штербик ги откажа Полјаците (ВИДЕО)

Сезонава не блескаше на голот на Вардар, но Арпад Штербик беше човек на натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите, помеѓу македонскиот првак и полскиот шампион Киелце. Во „Јане Сандански“ паднаа актуелниот европски првак. Со 15-те одбрани искусниот Штербик беше еден од клучните ракометари за победата на „црвено-црните“ во саботниот дуел против Киелце, а како изгледаа дел од неговите интервенции можете да погледнете во продолжение.