Како се славеше во соблекувалната на Вардар (ВИДЕО)

Вардарци се радуваа и покрај поразот од 25:29 на гостувањето кај Пик Сегед со оглед на тоа што стигнаа до пласман на уште еден Ф4 турнир во Келн. Тие успеаја да ги одбранат осумте гола од првиот меч во Скопје и одат на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Ракометарите се максимално расположени и имаат причина да бидат задоволни, а тоа може да се види и од славјето коешто го имаа во соблекувалната после натпреварот.