Како Ростов Дон ја прослави шампионската титула (ВИДЕО)

Ракометарките на Ростов Дон се новите шампионки на Русија откако во финалните натпревари беа подобри од Лада Тољати. Следната сезона екипата на Ростов Дон како шампион на Русија обезбеди учество во Лигата на шампионките. Нивниот тим ќе биде засилен со три звучни имиња од светскиот ракомет, Катрин Лунде, Ана Сен и Макарена Агилар. Клубот посакува амбициозен тим кој ќе атакува меѓу најдобрите екипи во најсилното европско натпреварување.