Како помина првиот репрезентативен собир според новиот „Черваров“ концепт (ФОТО)

Македонскиот селектор денес во Битола ја одржа својата прва средба со репрезентативците кои играат во Македонија. Според новиот концепт Червар собра дел од оние млади ракометари на кои би сметал во иднина, но и неколку повозрасни како поттик да работат и да се надоградуваат за да дојдат до посакуваниот квалитет. Покрај собирот, Червар имаше можност да се запознае со младите таленти од регионот околу Битола и Прилеп, а оствари и средба со тренерите кои работат во Битола и околината.

Како што истакна хрватскиот стратег денес немаше костуми и вратоврски туку тренерки и напорна работа за заеднички да се дојде до посакуваната цел поддигнување на македонскиот ракомет и заживување на некогаш плодните ракометни центри.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”73″]

ФОТО: derbi.mk