Како новото правило на ИХФ им ја донесе победата на Хрватите!

Вистински трилер натпревар одигра Хрватска против репрезентацијата на Аргентина, а херојот Дувнјак ја донесе првата победа на коцкестите на Олимписките Игри во Рио.

Аргентина имаше напад за победа во кој играше без голман, меѓутоа нападот на Аргентинците беше неуспешен по што следуваше прекршок над Дувнјак кој беше спречен во обидот да упати удар кон празниот гол на Аргентинците. Според новото правило на ИХФ, прекршокот значеше исклучување и автоматски седмерец бидејќи голот на Аргентина во тие моменти беше празен. Седмерецот го изведе Дувнјак и благодарение на неговата реализација Хрватска славеше победа во „Арената на иднината“. Доколку не постоеше новото правило, ќе беше досуден нормален прекршок со што натпреварот би завршил со нерешен резултат.

Следниот предизвик за Хрватите е на програмата во четврток кога ги очекува вистинска борба за влез во четврт-финалето против репрезентацијата на Данска.