Како Милосављев го „излуде“ Загреб (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев имаше одличен натпревар против ППД Загреб и тој е еден од најголемите виновници за победата против шампионот на Хрватска од 27:18.

Милосављев е сосема заслужено прогласен за МВП на средбата бидејќи тој ги откажа напаѓачите на противникот уште во првото полувреме кога прими само шест гола, а потоа продолжи на истото ниво. Средбата ја заврши со 13 одбрани од игра и 1 седмерец со што само потврди дека сезонава е одличен и е вистински лидер на одбраната. Неговите 45% успешност се секако доказ за одличната работа и форма и ова може само да радува пред дуелите од завршницата на СЕХА и четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Одбраните на Милосављев против ППД Загреб можете да ги видите во видеото во продолжение и да уживате. Едноставно ги излуде ракометарите на противникот!