Како Лијевски ја запечати победата над Барселона (ВИДЕО)

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите по натпреварот од десеттото коло во елитното натпреварување мораше да му честита на подобриот противник. Киелце беше поуспешен од Барселона, а драмата во последните пет минути доби разрешница во самиот финиш, кога Лијевски со својот четврти гол им донесе недостижна предност на гостите од два гола на 90 секунди до звукот на сирената.

Киелце го приреди најголемото изненадување во ова коло, и се искачи на високото второ место во група Б каде се уште на врвот се наоѓа Барселона. Во видеото подолу можете да го погледнете последниот гол на натпреварот…