Како „летечкиот“ Мае го спаси Фленсбург од пораз? (ВИДЕО)

Ракометарите на Фленсбург во последната минута извлекоа бод против европскиот вицепрвак Веспрем, откако францускиот интернационалец Кентин Мае погоди на 12 секунди до крајот за реми 24:24. Иако гостите водеа со плус 4 во последните десетина минути, сепак не издржаа до крајот, а Мае кој е „предодреден“ за да погодува во инфаркт завршници, стрелаше во празниот гол на унгарскиот тим за бод кој е вреден три за домашниот тим. Погледнете во продолжение…