Како Кузмановски ја наполни мрежата на Елверум (Видео)

Имаше скромен учинок до вчерашниот дуел против Елверум, само 7 погодоци од шест натпревари за да биде џокерот на Червар во Норвешка. Она што го направи Талески во Скопје овојпат гo повтори Филип Кузмановски на изненадување на норвешките ракометари.

Иако на скопската прес-конференција тренерот на Елверум истакна дека Металург игра бавен и застарен ракомет, не направи ништо повеќе во Норвешка да го добие посакуваното темпо. Повторно беше надигран и изненаден, па му преостана притисокот кон судиите и гестикулациите за пасивен напад додека Филип Кузмановски ја наполни мрежата на неговиот тим. Надополнет со одличното издание на младиот Велковски, солидниот Обрадовиќ, добрата одбрана на Вања Илиќ и стандардниот Дарко Арсиќ, Металург победнички се враќа од Норвешка.

Во продолжение можете да ги погледнете сите голови на расположениот Филип Кузмановски против Елверум.