Како изгледа табелата: Прволигашите ќе имаат долга и тешка битка за суперлигашкото место

Во 1. коло од Првата машка лига немаше ниту едно реми. Четири екипи успеаја да го искористат домашниот терен и да се изборат за победа, додека три славеа на гостување.

Затоа рангирањето после првото коло е направено според разликата која што е направена, а со најголема славеа ракометарите на Металург јуниор кои се на врвот после 1. коло, а ова е најава за интересна сезона кај прволигашите.