Како изгледа просторот за подготовки и одмор на европското првенство во ракомет на плажа (ФОТО)

Во паузите помеѓу секој натпревар ракометарите и ракометарките на селекциите кои учествуваат на Европското првенство во ракомет на плажа, освежување од високите температури во Лорет де Мар бараат во просторот позади главниот терен. backstage (1 of 1)
Првенството се одржува во комплексот „Санденс“ кој е познат по долгите летни забави бројните музички ѕвезди и базените кои се составен дел на комплексот, а токму тој дел е претврен во простор за освeжување и опуштање на репрезентациите по напорните дуели.
backstage (1 of 9)
Во продолжение можете да погледнете позади „сцената“ на Европското првенство во Лорет де Мар.
backstage (3 of 9)
Во моментите кога не играат тука можат да се сретнат сите оние кои на било кој начин учествуваат во проектот Европско првенство во ракомет на плажа.
backstage (4 of 9)
Одлично место за дружење и разменување на ракометни искуства…
backstage (6 of 9)
Шанк со освежителни пијалоци, лежалки и базен, се што е потребно во жешките денови на првенството во Лорет де Мар.backstage (7 of 9)
Во зоната за одмор беа и хрватските репрезентативки кои се одмараа од натпреварот со Швајцарија. Хрватската женска селекција се натпреварува за пласман од 9-14 место.backstage (8 of 9)
Покрај базенот тие позираа за официјалниот фотограф на ЕХФ, чекајќи го полуфиналниот натпревар на нивните машки колеги против Украина.
backstage (9 of 9)
Откако започнаа натпреварите за трофејот на првенството во машка и женска конкуренција,  одговорните за просторот за одмор започнаа со подготовките за забавата по завршување на натпреварите.
Abackstage (1 of 2)
Базенот на Санденс е единственото место каде учесниците на овој турнир може свежи да се подготват за новите предизвици.
Abackstage (2 of 2)