Како во старите добри времиња: Резултатот на натпреварот меѓу Вардар и Веспрем изнесен на раце! (ФОТО)

На денешниот натпревар од последното коло во СЕХА лигата се појавија првите технички проблеми во спортски центар „Јане Сандански“. Семафорите во салата не беа во функција во текот на натпреварот, а резултатот се бележеше како на почетоците на овој спорт…

AAA_9269
Конечниот резултат, за прв пат беше изнесен на раце од теренот на „Јане Сандански“

Публиката во салата мораше да се потпре на сликата која ја добиваа видеобимовите над централниот терен од ТВ преносот, но откако сите ја напуштија салата семафорите се вклучија со точниот резултат и листата на стрелците…

AAA_9301-2
Откако светлата се изгаснаа, семафорите се вклучија, како потсетник за одличниот резултат…
AAA_9298-2
Конечниот резултат, конечно и на семафорот…

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ