Каква драма во Лусаил арената: Канељас со звукот на сирената ја однесе Шпанија во полуфинале!

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДАНСКА-ШПАНИЈА 25-24 (11-11)

Борбено, цврсто, израмнетно прво полувреме одиграа ракометните џинови Данска и Шпанија. Ласе Сван ја доведе Данска во водство, а Ентрериос израмни на 1-1 по две минути игра. Егерт беше непогрешлив на самиот почеток на натпреварот одржувајки ја Данска во константно водство помеѓу еден и два голови разлика, (6-4,12 минута- Егерт 4 гола). Данците успеаа да ја одржат позитивата до 17 минута (8-7), а потоа на сцена стапи Канељас кој со два гола по ред најпрво го израмни резултатот, а потоа го донесе и првото водство за “црвената-фурија” од 8-9 на девет минути до крајот на првиот дел. Ривера со својот четврти погодок ја одведе Шпанија на +2, (8-10), момент по кој данскиот селектор го искористи за првиот тајм аут. Данска многу брзо успеа да се врати во игра и со двата брзи погодока на Егерт и Хенрих Тофт Хансен израмни на 10-10. Ентрериос и Хансен погодија до крајот за конечни 11-11 по триесет минути игра.

makeda
Македа во карактеристичен пробив

Првата данска ѕвезда Микел Хансен имаше мирно прво полувреме во кое постигна само еден гол, но затоа експлодира на почетокот на вториот дел. Пет бомби за десет минути во шпанската мрежа испорача Хансен за водство на Данска од 18-16 во 40 минута. Многу брзо се менуваа работите на овој натпрвар па така Шпанија одговори со серија од 4-0 која со својот осми гол ја затвори Ривера за водство на Шпанија од 18-20 на петнаесет минути до крајот. Но, упорните скандинавци немаа намера така лесно да се откажат од пласманот во полуфиналето и со нова серија од 3-0 повторно го вратија водството од 22-23 на пет минути до крајот.Ентрериос врати за 23-23, резултат со кој се влезе во финалните четири минути од натпреварот. Хансен се обиде на минута и пол со удар од девет метри, но Перез Де Варгас одбрани и и овозможи на својата репрезентација да поведе во последната минута. Ривера со својот десети гол и донесе ново водство на Шпанија од 24-23 на четириесет и пет секунди до крај, а на спротивната страна врати Ларсен за 24-24. Шпанија ги имаше последните дваесетина секунди од натпреварот, а Канељас со својот шести гол во последната секунда ја однесе Шпанија во полуфинале. На крајот конечни 25-24 во корист на “црвената фурија” и натпревар против Франција во полуфиналето.

Најпрецизни во Шпанската репрезентација беа Ривера со 10 и херојот Канељас со шест постогнати погодоци. Хансен и Егерт со по 6 постигнати гола беа најпрецизни во репрезентацијата на Данска.