Казахстан обезбеди место на Светското првенство за жени во Данска

Репрезентацијата на Казахстан успеа да обезбеди пласман на Светското првенство кое е закажано за крајот на годинава во Данска.

Вториот најголем град во Казахстан – Алма Ата од 15 до 17 јуни беше домаќин на турнирот на четири нации каде учествуваа Конго, Казахстан, Мексико и Австралија. Домаќинот на турнирот со три победи го озбеди местото на финалниот турнир. На првиот натпревар Казахстан ги одмери силите со Конго и дојде до висока победа од (36:24) а потоа следуваа уште две победи против Мексико (26:20) и Австралија (32:21).

Досега се познати 22 репрезентации кои обзбедија учество на првенствотото, а се очекува останатите 2 репрезентации да ги соопшти ИХФ во периодот кој следува.