Каевски со поддршка за младинците: Македонија се гордее со вас! (ВИДЕО)

Македонската младинска репрезентација пристигна во Скопје како шестопласирана селекција од Светското ракометно првенство во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски го остварија најдобриот мундијалски резултат во историјата на Македонија, затоа први успехот им го честитаа генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски и в.д. директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски.

Веднаш по пречекот, директорот на АМС се обрати пред младите ракометни репрезентативци, истакнувајќи дека Македонија се гордее со нив. Каевски потенцираше дека ракометот има светла иднина и Агенцијата за млади и спорт секогаш ќе стои зад нив и нивните успеси.