Каде и кога Македонија ќе ги одигра натпреварите на СП Катар 2015?

Во седиштето на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) беа презентирани првичните сатници за натпреварите кои треба да се одиграат во рамките на Светското првенство во Катар 2015. Ова е првото светско првенство во ракомет, каде само еден град (Доха) ќе биде домаќин на сите групи и натпревари.

На 16 јануари Македонија ќе го започне натпреварувањето против екипата на Тунис, натпревар кој ќе се одигра во рамките на „Лусаил“ повеќенаменската арена. Арената е со капацитет од 13500, проектирана по повод  неуспешната  кандидатура на Катар за Олимписките игри 2020, предвидена е за ракомет, кошарка и одбојка, а во моментот се прави студија за нејзина адаптација и користење за други настани во текот на годината.

final-entryviewНа 17 јануари Македонија ќе го одигра вториот натпревар овој пат против Иран во повеќенаменската арена „Ал Саад“. Арената е проектирана за потребите на ракометниот клуб Ал Саад, има капацитет од 7 700 седишта, а за 48 часа може да се претвори во арена за хокеј на мраз.Al-Sadd-human-eye-view

 

На 19 јануари Македонија ќе игра со Босна и Херцеговина истотака во „Ал Саад“ арената.

Internal1

На 21 јануари Македонија ќе ги одмери силите со најквалитетната  репрезентацијата во групата Б, тимот на Хрватска. Натпреварот ќе се одигра во Спортскиот комплекс на ракометниот сојуз на Катар. Една од најмодерните спортски сали во светот, комлексот на катарскиот ракометен сојуз ќе има можност да смести 5500 љубители на ракометот, вклучувајќи и специјални „претседателски“ и „ексклузивни“ седишта кои имаат свој систем за разладување и вентилација. Во одлични услови, медиумите на располагање ќе имаа најсовремена опрема и интернет пристап. Седиштето на ракометниот сојуз на Катар е дел од комплексот, кој вклучува хотел, ресторани, базен, две спортски сали и фитнес центар.

QHA-New-1

На 23 јануари Македонија ќе го одигра последниот натпревар од групата Б против Австрија во „Ал Саад“ арената.  Al-Sadd

Финалните натпревари ќе се одиграаат во „Лусаил“ повеќенаменската арена, која ќе биде домаќин и на дел од осминафиналните натпревари. Финалето ќе се одигра на 1 февруари.

Lusail-Alternative-3

*Фото:http://www.qatarhandball2015.com/