Кадењас со проблеми пред првите два квалификациски дуели за ЕП

Селекторот на шпанскиот национален тим, Маноло Кадењас беше принуден поради повреди на дел од репрезентативците, да повика нови играчи за престојните два квалификациски натпревари против Австрија и Финска. Покрај дополнително повиканиот Хуан Андреу, на списокот беа додадени и Карлос Руезга и Едуардо Гурбиндо. Тие треба да ги пополнат местата на повредените Хозе Мариа Родригез кој има повреда на мускулот, и Алекс Душебаев кој заработи мала повреда на стапалото на натпреварот против Монпелје. Руезга ќе ја пополни централната бековска позиција, а Гурбиндо позицијата десен бек.

Шпанскиот состав за првите два квалификациски натпревари:

Голмани: Арпад Штербик (Вардар), Гонзало Перез Де Варгас (Барселона)

Леви крила: Кристијан Угалде (Веспрем), Валеро Ривера (Нант)

Централни бекови: Карлос Руезга (Веспрем), Раул Ентрериос (Барселона)

Десни бекови: Гурбиндо (Барселона), Хорге Македа (Нант)

Десни крила: Алберт Рокас (Натурхаус Ла Риоха), Виктор Томас (Барселона)

Пивоти: Гвардиола (Рајн Некар Ловен), Хуан Андреу (Хановер), Хулен Агинагалде (Киелце)