Кадетките на Црна Гора започнаа со подготовки

Кадетките на Црна Гора веќе започнаа со своите подготовки. Избраничките на Маја Савиќ напорно работат за престојното кадетско првенство кое ќе се одржи во Македонија од 20 јули до 3 август-2014 година.

Црна Гора своите натпревари ќе ги игра во Охрид, доколку се реши спорот околу електричната енергија која ја има управата на „Билјанини Извори“, а нејзини противници се Франција, Кина, Хрватска, Ангола и селекцијата на Португалија.

Првиот тест кадетките го имаа  во Никшиќ пред две недели, тогаш Драган Аџиќ ја одмори цела сениорска репрезентација, а на терен излезе со млади ракометарки кои се дел од кадетската репрезентација. Овие денови црногорките се на подготовки во Белград, и одиграа два пријателски натпревари со јуниорската селекција на Србија. На првиот натпревар Црна Гора издвојува победа со резултат 25:24, а пак вториот натпревар заврши без победник 21:21.

malovic handball
Ѓурѓина Маловиќ- Новата Бојана Поповиќ?! Фото-handballme.me