Кадетките на Куманово четврти на меѓународниот турнир во Смедерево

Кадетската екипа на ЖРК Куманово имаше одличен настап на меѓународниот турнир во Смедерево, Србија, и заврши на четвртата позиција од десет екипи во оваа категорија. Младите ракометарки од Куманово беа единствени претставници од Македонија на турнирот на кој имаше дури 134 екипи од Европа во различни конкуренции.

Куманово славеше најпрво на Млади Радник со 15:6, потоа на Бијело Поље со 18:6 и на крај над Рудар со 13:11, но во мечот за пласман на третата позиција, заморот си го стори своето и загубија од Вождовац со 20:15.