Кадетите темпираат форма пред Европското првенство во Полска

Македонската машка кадетска репрезентација ги одработува последните подготовки пред да замине на Европското првенство во Полска.

Момците на Александар Јовиќ во Унгарија ја темпираат формата играјки пријателски натпревари против домашната селекција. Во првиот натпревар кој беше одигран вчера македонските кадети беа високо поразени со 35-22. Играта на тој натпревар не била на задоволително ниво, голманите имале слаб ден со само 4 успешни интервенции. Повратникот во нашата репрезентација Марко Нелоски со 8 постигнати голови, и Давор Палевски 6 биле единствените светли точки на тој натпревар.

Во вториот натпревар кој на програмата беше денеска,нашата репрезентација одиграла многу подобро успевајки да одигра егал меч со домашната селекција, но на крајот сепак нашите кадети доживеаа пораз од 21-19 (9-8). Селекторот Јовиќ е задоволен од играта на нашата репрезентација која и покрај лошото судење му даде достоен отпор на домаќинот.

Судењето беше на страна на домаќинот.Машки натпревар на моменти и груб. Задоволен сум со денешната игра, а со Талески и Давитковски во составот ќе бидеме многу посилни- изјави селекторот Александар Јовиќ за официјалниот сајт на РФМ.”

Унгарија – Македонија 21-19 (9-8)
Блажевски 12 одбрани, Данилоски, Кизиќ, Томовски, Крстевски 1/1, Нелоски 4/9, Палевски 4/6, Поповски 1/1, Ончев 4/7, Маркудов 1/1, Велковски 1/4, Бошковски 1/2, Кузмановски 0/1, Ставридис 2/3, Крстановски, Гроздановски.
Црвен картон: Нелоски во 43 минута. Маркудов во 48 минута