Кадетите стартуваат на турнирот во Бугојно, прв предизвик – Германија

Македонската кадетска репрезентација од денеска до 21 април ќе настапи на седмото издание на турнирот „Ракометот е мојата иднина“ во босанскиот град Бугојно. Македонија ќе настапи во групата А, заедно со селекциите на Германија, Србија и Швајцарија. Во групата Б, пак, ќе играат селекциите на Словенија, Полска, Катар и Босна и Херцеговина.

Во Бугојно отпатуваа 16 ракометари. Седум се од Металург – Виктор Василевски, Дарко Кондев, Глигор Гајиќ, Андреј Митиќ, Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов и Илија Мелоски, Андреј Петковски, Игор Георгиев, Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски од Вардар Јуниор, Марко Божиновски од Бутел, Ненад Костески од Струга, како и тројцата ракометари од КЛ7 – Александар Стојков, Кристијан Симоноски и Дејан Џигероски.

18.04.2019

09:30 Србија – Швајцарија
11:15 Германија – Македонија
13:00 Катар – Полска
14:45 БиХ – Словенија
17:15 Германија – Швајцарија
19:00 Србија – Македонија

19.04.2019

09:30 БиХ – Полска
11:15 Катар – Словенија
13:00 Швајцарија – Македонија
14:45 Германија – Србија
17:15 Словенија – Полска
19:00 БиХ – Катар

20.04.2019

10:30  4A-3Б
12:15  4Б-3A
16:00  1Б-2A
18:00  1A- 2Б

21.04.2019

10:00 Натпревар за 7. место
11:45 Натпревар за 5. место
15:00 Натпревар за 3. место
17:00 Натпревар за 1. место
18:30  Доделување на медали и свечено затворање на турнирот