Кадетите прокоцкаа осум разлика: Победа на Русија во последните минути

Македонската машка кадетска репрезентација со пораз го започна ЕП во Полска за ракометари до 18 години. Избраниците на Александар Јовиќ одиграа одлично прво и катастрофално второ полувреме. Поразот од 31:30 не го одсликува целиот натпревар, бидејќи до 58 минута, нашата репрезентација беше во водство.

По одличното отворање на натпреварот, нашите кадети беа се подобри во нападот, па тоа вроди со плод во текот на 20-тата минута за високи 7:15. Во овој период Марко Нелоски упати добри проектили од 10 метри кои успешно завршија во голот на Русија. Првото полувреме заврши со резултат 14:17 за македонската репрезентација.

Во второто полувреме македонските кадети направија поголем број грешки, немаше организација во нападот, а Русија сето тоа го искористи за израмнување на резултатот во Гданск ( 18:18) . До 58 минута, Македонија одржуваше водство од неколку голови разлика, а вистинска драма се случи во последните минути од натпреварот. Иако Македонија постигна гол за водство од 28:29, русите со брз напад ја анулираа предноста на Македонија за 29:29, а потоа и да го имаат своето прво водство на натпреварот 30:29. Русија водството го зголеми на два разлика 31:29, иако нашите ракометари намалија на 31:30, последниот обид за израмнување заврши неуспешно за нашата репрезентација.Филип Талески ја погоди пречката од голот за крај на надежите за поволен резултат.

Најефикасен во Македонија беше Давор Палевски со седум постигнати голови, по шест пати во листата на стрелците се запишаа Марко Нелоски и Филип Талески, Во утрешниот ден, Македонија силите ќе ги одмери со Шпанија.