Кадетите по победа за полуфинале во Бугојно

Ракометарите кои се дел од кадетската репрезентација на Македонија денеска од 13 часот имаат важен натпревар против селекцијата на Швајцарија. После вчерашниот пораз од Германија со 24:31 и победата над Србија од 35:26 стана јасно дека шансите за полуфинале се големи.

Без разлика што ќе се случи на дуелот меѓу Германија и Србија, Македонија самата ќе решава за пласманот во полуфиналето. Оттаму потребна е победа за да нема никакви дилеми и сите очекувања се тоа да се случи против Швајцарците кои не се прославија на првите два дуели е забележаа порази.

Натпреварот кој почнува од 13 часот ќе го даде одговорот, а ова секако ќе биде уште една добра можност за момците да одиграат добра средба и да покажат дека можат да се борат за висок пласман.