Кадетите на финални подготовки во Маврово

Машката кадетска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за настапот на Светското првенство што ќе се одржи во нашата земја од 6 до 18 август.

По тренинзите во Струга, селекторот Данило Брестовац, од утре повторно ќе ги има на располагање 20 ракометари во Маврово.

Од првичниот список отпаднаа тројца ракометари, а по завршувањето на тренинзите во Маврово ќе се знаат и конечните 16 играчи што ќе настапат на Мундијалот.

Единствена проверка пред СП ќе биде пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Чиле на 2 август.