Кадетите ги завршија подготовките во Маврово, уште седум дена до Мундијалот

Машката кадетска репрезентација на Македонија ги заврши подготовките во Маврово и сега ќе ја одработи и последната седмица пред стартот на Мундијалот.

Избраниците на Данило Брестовац до контролниот натпревар против Чиле на 2 август ќе тренираат во Скопје, а првиот натпревар се игра против Аргентина на 6 август.

По пријателскиот натпревар против јужноамериканската селекција, селекторот Брестовац ќе го соопшти и конечниот список на ракометари на чии услуги ќе смета за време на СП.

Во нашата група, покрај Аргентина, се уште Данска, Бахреин, Јапонија и Нигерија.