Кадетен Шафхаузен им дава шанса на младите таленти: Лука Марош потпиша тригодишен договор со Кадетен

Екипата на Кадетен Шафхаузен го ангажираше во своите редови младиот Лука Марош кој претставува еден од најголемите таленти на швајцарскиот ракомет. Марош (20) е висок 1.94, а досега има настапувано во екипите на Амичитија и Винтертур во швајцарското првенство.

Лука Марош претставува еден од најголемите таленти на швајцарскиот ракомет. Досега има одиграно 113 натпревари за јуниорската репрезентација на Швајцарија, а на младинското Светско првенство во 2012 година ја освои наградата за најдобар стрелец. Моментално Марош е и најдобар стрелец во својот актуелен клуб Пфади Винтертур, а тргодишниот договор кој го потпиша со Кадетен му започнува од наредната година.

Продолжуваме со нашата стратегија која ја негуваме години наназад, а тоа е актуелните и идни репрезентативци на Швајцарија да бидат срцето на нашиот клуб. Наша цел е на младите таленти да им овозможиме да настапуваат во Лигата на шампионите во друштво со најдобрите светски ракометари“-изјави претседателот на Кадетен.