Кавадарчани ги бараат првите бодови во плеј-офот

Вкупно пет екипи влегуваат во 4. коло од плеј-офот во Првата машка лига со еднаков број на бодови. Сите имаат по шест поени и денеска и утре ќе се обидат да стигнат до нови поени за подобра позиција пред продолжението на сезоната.

Денеска единствениот тим без бодови, ГРК Тиквеш ќе има можност да се обиде да слави против Работнички, кој засега го има првото место поради подобрата гол разлика од другите состави.

Дерби дуели и на утрешните три пресметки каде секој може против секого до победа така што е сосема извесно дека на тие дуели никој не може да смета на предност пред нивниот почеток.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

САБОТА, 23 МАРТ

18:00ч

ГРК ТИКВЕШ 2014 – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

НЕДЕЛА, 24 МАРТ

12:30ч

МЕТАЛУРГ 2 – МЛАДОСТ 09

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

13:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ПРЕСПА 2015

Сала: ОУ „Круме Кепески“ од Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

19:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – МАКЕДОНИЈА ЃП

Сала: Гим. Кирил и Методиј во Неготино. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ТАБЕЛА:1. Работнички 6 бода (91:74); 2. Јуниор Кисела Вода 6 (84:73); 3. Металург 6 (85:78); 4. Младост 6 (75:75); 5. Македонија ЃП 6 (72:81); 6. Вардар Неготино 3 (80:79); 7. Преспа 3 (77:85); 8. ГРК Тиквеш 0 (76:95).