И 17 години после титулата „кометалки“ се на терен

Дел од ракометарките кои беа дел од шампионската генерација на Кометал Ѓорче Петров и понатаму се активни. Тие настапуваат на ревијални средби и  одново ги радуваат своите фанови.

Новата средба ќе ја одиграат на 12 мај против ветеранките на тимот на Гевгелија, а средбата ќе биде одиграна со почеток во 13:30 часот во салата „26 април“.

Во тимот на ветеранките најчесто се појавуваат Нацева, Кастратовиќ, Чупиќ, Тодоровска, Платон, Будимир, Златановска… а тренер е Владимир Радиќ.

За потсетување, тие станаа шампионки во 2002 година кога во финалето славеа против Ференцварош од Унгарија. Средбите се играа на 11 и 19 мај, па на овој начин ова е и мало потсетување на тој период кога првпат се славеше титула на клупски план во ракомет во Македонија.