И шутеви со 130 км на час беа шега за Милосављев (ФОТО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев не само што беше избран за најдобар голман сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите туку имаше и две од петте најдобри одбрани на завршниот турнир. Покрај тоа Милосављев беше и меѓу голманите кои бранеа неверојатни шутеви.

Тој има пет одбранети удари кои беа со брзина од над 110 км на час, а еден од нив го смести и во Топ 5 каде лидер е Перез де Варгас од Барселона.

За да се измерат овие податоци на дресовие на Вардар имаше чипови, па оттаму има неколку категории во кои се добиени и резултати и рангирања.