И три екипи се доволни за да се игра лига

Откако хрватскиот шампион Подравка се откажа, беше доведено во опасност егзистирањето на ВРХЛ Лигата. Сепак женската регионална лига ќе продолжи да постои и во иднина, макар играле само три екипи, Вардар, Будуќност и Крим.

Со оглед на тоа дека регионалните дуели се особено важни за сите три клубови како подготовка за Лигата на шампионите, добра вест е што сепак и годинава ќе гледаме натпревари во ВРХЛ. Промени за терминот за првиот турнир нема да има, останува во периодот од 13 и 15 септември како што беше претходно најавено, но другите турнири ќе добијат нови термини.

Првиот дуел за вардарки ќе биде на 13 септември во 19 часот против Будуќност, додека следниот ден на програмата ќе биде натпреварот против словенечкиот шампион Крим. Овие два меча ќе бидат последни проверки пред стартот на новата сезона во ЛШ и дуелот со ФТЦ на 6 октомври.